Носењето маски ја намалува смртноста барем двапати

Nosenje maski
Nosenje maski

Уште од почетокот на пандемијата се водат дебати за тоа колку маските се корисни во спречувањето на ширењето на ковид-19, и кого и колку штитат.

Zito akcija 640x289px

Научниците толкуваа и докажуваа дека маските секако ја намалуваат можноста за ширење на капките, а со тоа и ширење на вирусите. Исто така, повеќе експерти истакнаа дека маските можат да ја намалат концентрацијата на вирусот во воздухот и со тоа вирусното оптоварување на кое ќе бидат изложени здрави луѓе. А, истражувањата, објавени во научните списанија, како што е престижниот „Лансет“, покажаа дека постои корелација помеѓу изложеноста на вирусот и сериозноста на болеста.

Agria

Меѓутоа, во тоа време, студиите се засноваа на искуствата со некои други заразни респираторни болести, како што е грипот. Подоцна, беа направени и неколку убедливи потврдни истражувања поврзани со ковид-19, но тие беа главно спроведени во лабораториски услови, често на модели или на животни.

Во раната фаза на пандемијата, недостасуваа истражувања коишто би го потврдиле ова кај реалното население во кое единствената разлика во примерокот би била тоа што дел од популацијата на некои држави со слично население, со слична култура и слични навики носи маски, а другиот дел не.

Носењето маски ја намалува смртноста барем двапати

Таква студија конечно беше спроведена деновиве и во вторникот ја објави американскиот универзитет „Вандербилт“.

Откриле дека областите на сојузната држава Тенеси, кои не вовеле задолжително носење маски, забележале најмалку двојно повисоки стапки на смртност од оние што барале покривање на лицата.

Во моментов, во областите во кои не постои обврска да се носат маски, се регистрираат повеќе од четири смртни случаи на 100.000 луѓе секоја недела, додека во подрачјата кои ја прифатиле обврската во текот на летото, стапката на смртност е околу две лица неделно.

Во областите кои рано прифатиле задолжително носење маски уште и пред најголемиот налет на пандемијата во јули и август, стапката на смртност е поблизу до една личност неделно на секои 100.000 луѓе.

На пример, Нешвил, кој ја воведе обврската за носење маска од крајот на јуни, забележа 53 смртни случаи на 100.000 луѓе од март, пренесува „Индекс“. Од друга страна, округот Клеј, кој нема обврска за носење маски, бележи 223 смртни случаи на 100.000 луѓе од почетокот на пандемијата, што е најлоша стапка на смртност во таа сојузна држава.

Луѓето во Тенеси, сепак, ја сфатија користа од носењето маски.

Податоците од овој американски универзитет покажуваат дека помалку од две третини од популацијата на Тенеси живеат во подрачјa каде што маските во моментот се задолжителни.
Истражувачите велат дека добрата вест е дека повеќе од 80 отсто од жителите на таа држава наведуваат дека од овој месец носат маски, што покажуваат податоците на Универзитетот „Карнеги Мелон“. Тоа покажува дека повеќето луѓе, сепак, ја сфатија користа од носењето маски, и покрај фактот што гувернерот Бил Ли продолжи да ја отфрла идејата за воведување на обврската на ниво на целата држава.

Поединците можеби нема да го разбираат ризикот да бидат изложени на пријатели и семејство и може да им попушти вниманието во ситуациите кога се среќаваат во мали групи на луѓе и со блиски контакти, велат истражувачите.

Преземено од: slobodenpecat.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: