Нов бран на имигранти после пандемијата, предупредува Турција

migranti

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавашоглу, во интервју за телевизиска мрежа ТВ ДИМ, осврнувајќи се на бегалското прашање, рече дека по завршувањето на пандемијата повторно ќе има бран на имигранти кон Грција.

Zito akcija 640x289px


“Во бегалскиот камп имало бегалци кои оделе на границата со Грција. Поради пандемијата, ова запре. Не го велам ова како закана, но по пандемијата, бегалците дефинитивно ќе сакаат да заминат и да одат таму”, рече тој.

Agria
migranti

Чавушоглу, исто така, рече дека прашањето за бегалците е вообичаен проблем со ЕУ, додавајќи дека договорот за царинска унија треба да се ажурира, и дека треба да бидат ослободени визите за турските граѓани, и повика на поголема соработка во борбата против тероризмот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: