Нов црн рекорд на заразени во Македонија

Corona makedonija ambulanta
Corona makedonija ambulanta

Со новата бројка на новозаболени Македонија се ближи кон илјада. Денес, Министерството за здравство објави дека во последните 24 часа се регистрирани 870 нови позитивни случаи на коронавирус.

Zito akcija 640x289px

Велес одново со високи бројки, денес има 38 нови позитивни случаи , и еден починат како последица на коронавирусот. Со овие бројки градот има 212 активни случаи.

Agria

Најмногу, 422 се регистрирани во Скопје и 64 во Тетово, па следат: Куманово-28, Дебар-10, Штип-25, Прилеп-28, Струга-10, Велес-38, Битола-29, Охрид-26, Кавадарци-9, Гостивар-23, Гевгелија-13, Струмица-55, Крива Паланка-5, Радовиш-10, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-4, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-2, Виница-1, Делчево-6, Кратово-3, Свети Николе-4, Кичево-20, Ресен-7, Неготино-8.

Институтот за јавно здравје регистрира 292 оздравени пациенти, починати се 14 лица. Тројца пациенти од Скопје (51, 60 и 83), тројца од Куманово (65, 71 и 53), еден пациент од Дебар (80), двајца од Прилеп (55 и 56), еден од Тетово (63), еден од Велес (65), еден од Струмица (68), еден од Радовиш (72) и еден пациент од Кратово (75). Сите се починати во болнички услови.

Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 28 697, оздравени 19 771, починати 963, а активни случаи се 7 963.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: