Нов смртен случај како последица на коронавирусот во Велес, 15 пациенти имаат потреба од кислород

Veles Malo movce Oktomvri 2021

Жена на 59-годишна возраст почина како последица од коронавуирусот. Пациентката има повеќе коморбидитети, хронична бубрежна слабост и реуматоиден артрит.

Zito akcija 640x289px

Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 49 пациенти, што е за четири пациенти повеќе од вчерашниот ден. 38 имаат позитивни тестови, а на кислородна поддршка се 15 пациенти.

Agria

На инфективното одделение се сместени 20 пациенти, во Модуларната болница има 23 пациенти и на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат шест пациенти. Во велешкиот ковид центар има 56 слободни кревети, од кои 34 се на инфективното одделение, и 22 слободни кревети во Модуларната болница.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/25208/23-novi-sluchai-na-kovid-19-vo-veles-i-trojcza-pochinati/