Маж на 57-годишна возраст почина како последица од коронавуирусот. Пациентот починал од компликации на ковид-19, а бил опериран од карцином на белиот дроб пред седум дена.
Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 33 пациенти, што е за двајца пациенти помалку од вчерашниот ден, 21 пациент имаат позитивни тестови, 12 пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега, на кислородна поддршка се 15 пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
Во последните 24 часа поради компликации од ковид-19 се примени двајца пациенти, додека тројца пациенти се испишани со по еден негативен тест.
Можеби ќе ве интересира: