Ракометните кадети на Фруитленд Борец продолжуваат со одличните игри во кадетската лига. Во спортската сала „Гемиџии“, дојдоа до шестата победа во првенството, совладувајќи го тимот на Вардар Неготино со резултат 40:32.
Велешани не им оставија никакви шанси на гостинскиот тим за повелен резултат. Уште од самиот старт го имаа водството кое на моменти изнесуваше плус 11 голови разлика. Гостите пак во составот имаа само двајца расположени играчи за игра, што не беше доволно да им парираат на домаќините.
Најефикасен кај Фрутленд Борец беше Андреј Зафиров со 10 постигнати погодоци, додека кај гостите симултанка изигра Јовановски Јован кој постигна 20 погодоци.