Екипата на Башкими од селото Горно Јаболчиште продолжува пријатно да изненадува со резултатите во Третата фудбалска лига – Југ. На домашен терен во Населбата Чашка го совладаа тимот на Дреново 20216 со резултат 2:0.
Стрелци на головите за Башкими беа Зани Ахмедов и Елфати Тахири. И по 8 одиграни кола, Башкими сеуште ја нема почуствувано горчината на поразот во првенството.
После 8 коло Башкими се наѓа на втората позиција на табелата, со 15 освоени бода, шест помалку од лидерот Големо Коњари. Во наредното коло Башкими гостува во Крушево кај екипата на Питу Гули.