Нов Жито маркет во Свети Николе

Посветени на ширењето на сопствената продажна мрежа, Жито Маркети отвори нова продавница во Свети Николе. Маркетот е лоциран на улицата „Филип II“ бр.150.

Zito akcija 640x289px

Овој малопродажен објект е 71-от по ред маркет којшто се приклучува кон големото Жито семејство во земјава.

Agria

„Од денеска светиниколчани ќе имаат поголема можност, своето секојдневно пазарење да го прават поблиску до нивниот дом. Асортиманот во нашиот нов маркет е исклучително разновиден, со најразлични категории производи по најповолни цени, вклучително и нашиот приватен бренд  5ка”, велат од менаџментот на Жито Маркети.

Новата продавница располага со простор за свежо овошје и зеленчук, воедно има три наплатни каси и дванаесет вработени лица. Како и до сега, посочуваат од Жито Маркети, дека за верните купувачи подготвуваат бројни акции и подароци и изненадувања. Работното време на маркетот е од понеделник до сабота, од 07:30 до 21:30 часот, недела е неработен ден.

ПР текст

Можеби ќе ве итнересира: