Викендов во Струга се одржа Државното првенство на Македонија во кајак на мирни води на кој земаа учество 6 клуба од Дебар, Струга, Охрид и Велес со преку 60 натпреварувачи.
Содржината продолжува под рекламата
Кајак Кану Клуб Арка-Борец ВЕЛЕС го освои второто место во јуниорска и сениорска категорија, Првото место во сениорска и јуниорска конкуренција го освои Кајак клубот Дрим, додека третото место го освои КК Црн Дрим.
Содржината продолжува под рекламата
Во поеднинечна конкуренција, Кристијан Лазаров стана државен јуниорски првак на Македонија во кајак на мирни води. Во категоријата К2 сениори Љубомир Спасиќ и Кристијан Лазаров го освоија второто место, и во К2 јуниори Благој Гугинов и Кристијан Лазаров го освоиа сребрениот медал.
Можеби ќе ве интересира: