Нови 19 велешани се позитивни на ковид-19, седум пациенти се оздравени

Veles od bolnica Oktomvri 2021

Денес во ковид статистиката на Министерството за здравство се регистрирани 444 нови случаи, од нив 19 се во Велес, оздравени се седум пациенти. Бројот на активни случаи во градов е 328.

Zito akcija 640x289px

Направени се 3.210 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 187, Куманово – 37, Kрива Паланка – 22, Штип – 20, Велес и Кавадарци – 19, Битола –  17, Тетово и Кочани  – по 16, Прилеп –  15, Охрид, Струмица и Гевгелија – по 9, Неготино и Ресен – по  7, Берово –  5, Свети Николе –  4, Кичево, Радовиш и Пробиштип  – по 3, Струга, Делчево, Валандово, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица –  по 2, Виница, Пехчево и Дојран – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Регистрирани сe 225 оздравени пациент од: Скопје – 158, Куманово – 14, Битола – 8,  Велес  – 7, Гевгелија – 6, Кочани, Струмица, Свети Николе и Демир Хисар – по 4, Штип и Пробиштип  – по 3, Кавадарци, Радовиш и Кичево – по 2, Неготино, Кратово, Виница и Македонски Брод – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 2 починати лица од Скопје (56г и 46г)  и по едно починато лице од Кавадарци (74г), Куманово (88г), Кочани (84г), Струмица (73г), Прилеп (71г) и Тетово (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 03.09.2021 година до 24.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Струмица и по едно починато лице од Скопје, Штип, Кочани, Тетово и Радовиш на возраст од 49 до 78 години, од кои 5 се починати во болнички услови а 3 во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 200.856, бројот на оздравени пациенти е 187.374, на починати е 7.087, а бројот на активни случаи изнесува 6.395.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/24728/marko-kolev-ja-prezede-funkczijata-gradonachalnik-na-veles/