Нови два смртни случаи од коронавирусот во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија починале две лица од коронавирусот, мажи на возраст од 31 и 91 година, двајцата од Скопје, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Zito akcija 640x289px

31-годишниот скопјанец бил со тешка клиничка слика, во текот на вчерашниот ден бил интубиран и поставен на респираторна машина, но денеска починал.

Agria

Во изминативе 24 часа има 16 новозаболени пацинети, со тоа вкупната бројка е 257.

„Двајца пациенти имаат негативни тестови, а утре ќе им бидат направени втори тестови на уште 5 лица. Се очекува деновиве на домашно лекување да бидат пуштени 7 лица“, рече Филипче.

Досега од коронавирус во земјава се починати 6 лица.