Нови 20 случаи на ковид-19 во Велес

Veles od bolnica Oktomvri 2021
Veles od bolnica Oktomvri 2021

И денес во ковид статистиката на Министерството за здравство се регистрирани голем број на новозаразени велешани. 20 нови позитивни случаи, 11 оздравени, а двајца пациенти се починати во велешкиот ковид центар. Бројот на активни случаи е 311.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 205, Куманово – 37, Велес – 20, Прилеп – 19, Битола – 15, Штип – 14, Кавадарци – 12, Пробиштип – 9, Тетово, Охрид и Гевгелија – по 8, Кичево и Кочани – по 7, Струмица – 6, Свети Николе, Крива Паланка и Делчево – по 5, Македонска Каменица – 4, Струга, Неготино, Радовиш и Кратово – по 3, Богданци и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Берово и Пехчево – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Регистрирани сe 309 оздравени пациенти, во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица: 4 починати лица од Скопје (74г, 73г, 72г и 28г), 2 починати лица од Велес (86г и 74г) и по едно починато лице од Кавадарци (65г), Пробиштип (55г) и Штип (71г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Содржината продолжува под рекламата

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 06.10.2021 до 09.10.2021 година. Регистрирани се по едно починато лице од Куманово, Струмица, Кичево и Гостивар, на возраст од 57 до 84 години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 196.376 бројката на оздравени пациенти е 182.782, на починати е 6.901, а бројот на активни случаи изнесува 6.693.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: