Нови 23 позитивни случаи на ковид-19 се регистрирани во Велес. Оздравени се 13 пациенти, бројот на активни случаи во градов е 359.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.295 тестирања, а регистрирани се 468 новислучаи на КОВИД-19:
Скопје – 227, Куманово – 41, Штип – 26, Велес и Охрид – по 23, Кавадарци – 16, Струмица – 13, Прилеп, Кочани и Крива Паланка – по 11, Битола – 8, Гевгелија, Свети Николе, и Радовиш – по 7, Тетово, Виница и Пробиштип – по 5, Струга – 4, Неготино, Ресен, и Валандово – по 3, Кичево, Кратово и Богданци – по 2, Гостивар, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1 .
Содржината продолжува под рекламата
Регистрирани сe 284 оздравени пациенти, во текот на изминатите 24 часа починале 7 лица: 2починати лица од Скопје ( 61г, и 91г), по едно починато лице од Кочани (74г), Виница (69г), Кичево (56г), Прилеп (73г), и Струмица (69г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица содијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 15.09.2021 до 30.09.2021 година. Починатите лица се 3 лица од Битола и едно лице од Скопје, на возраст од 51 до 80години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови а едно лице е починато во домашни услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.288бројката на оздравени пациенти е 173.332, на починати е 6.694, а бројот на активни случаи изнесува 12.262.
Можеби ќе ве интересира: