Нови 38 случаи на ковид-19 и 16 оздравени во Велес, активниот број на случаи се искачи на 317

veles fotografiran od Sv.Spas
veles fotografiran od Sv.Spas

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 6.141 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 677, Битола – 125, Куманово – 82, Прилеп – 72, Охрид и Струмица – по 47,  Велес – 38, Тетово – 36, Штип – 35, Кавадарци – 27, Гостивар – 17, Свети Николе – 16, Гевгелија и Ресен – по 13, Кочани – 12, Струга – 11, Кичево, Неготино и Крива Паланка – по 10, Радовиш и Крушево – по 8, Виница – 6, Делчево – 5, Демир Хисар и Македонски Брод – по 4, Берово, Пробиштип, Кратово и Богданци – по 3, Дебар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1. Од вкупниот број на позитивни (1.348), регистрирани се 145 реинфекции.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Регистрирани сe 784 оздравени пациенти од: Скопје – 400, Битола – 83, Прилеп – 53, Кавадарци – 37, Куманово и Струмица – по 31, Охрид – 25, Штип – 20, Велес и Гевгелија – по 16, Кочани – 13, Гостивар – 11, Валандово – 10, Кичево – 7, Ресен – 6, Виница – 5, Крушево – 4, Неготино и Свети Николе – по 3, Тетово, Пробиштип и Богданци – по 2, Струга, Радовиш, Демир Хисар и Дојран – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица:  4 починати лица од Скопје (55г, 76г, 76г и 82г), и по едно починато лице од Прилеп (64г), Битола(77), Струмица (60),  и Демир Хисар (71). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Содржината продолжува под рекламата

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 244.632, бројот на оздравени пациенти е 220.400, на починати е 8.100, а бројот на активни случаи изнесува 16.132.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: