Нови 386 случаи на коронавирус, 16 во Велес

Veles dozd Oktomvri 2021
Veles dozd Oktomvri 2021

Нови 16 позитивни случаи на ковид-19 се регистрирани во Велес. Оздравени се 15 пациенти, бројот на активни случаи во градов е 339.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.791 тестирања, а регистрирани се 386 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 205, Куманово – 25, Битола – 18, Велес и Штип – по 16, Крива Паланка – 15, Струмица – 11, Охрид – 10, Тетово и Прилеп – по 9, Свети Николе – 8, Кичево, Кочани и Гевгелија – по 6, Валандово – 5, Кавадраци и Радовиш – по 4, Пробиштип и Кратово – по 3, Виница и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Богданци и Демир Хисар – по 1.

Содржината продолжува под рекламата 

Agria

Регистрирани сe 529 оздравени пациенти, во текот на изминатите 24 часа починале 8 лица: 5 починати лица од Скопје (63г, 68г, 71г, 78г, 82г),  по едно починато лице од Куманово (84г), Кавадарци(62г) и Македонски Брод (53г). Од пријавените лица седум се починати во болнички услови, а еден е во домашни услови. 

Содржината продолжува под рекламата

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 8 починати лица, со датум на смрт од 20.09.2021 до 03.10.2021 година. Регистрирани се 5 лица од Скопје и по едно лице од Битола, Куманово и Охрид, на возраст од 34 до 83 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови и 4 лица се починати во домашни услови. 

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 194.231 бројката на оздравени пациенти е 176.807, на починати е 6.799, а бројот на активни случаи изнесува 10.625 

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: