Нови 48 случаи на ковид-19 во Велес, еден пациент почина

veles

Велешанец на 73-годишна возраст почина денеска во велешката болница. Тој е денеска регистириран во официјалната статистика на Министерството за здравство за состојбата во последните 24 часа. Од велешката болница велат дека пациентот бил примен во болница пред пет дена.

Zito akcija 640x289px

Починатиот 73-годишен велешанец е еден од двајцата починати, кои се регистирирани во официјалната статиститка за последното деноноќие. Вчера објавивме дека уште еден велешанец на 79-годишна возраст почина како последница од компликации со ковид-19.

Agria

Со тоа бројката на починати велешани од почетокот на пандемијата изнесува 38.

Во последните 24 часа во Велес се регистирирани нови 48 случаи на заразени со коронавирус. Со нив, во Велес има 718 активни случаи со ковид-19.

„На инфективното и на одделението за физикална терапија вкупно се хоспитализирани 54 пациенти. Од нив, 50 се потврдени позитивни и четворица се сомнителни. 18 пациенти се на кислородна поддршка. На интерно одделение се хоспитализирани двајца пациенти сомнителни на ковид-19“, велат од велешката болница. 

Во последните 24 часа во земјава се направени 2667 тестирања, а регистрирани се 978 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 392
-Куманово 51
-Дебар 6
-Штип 18
-Прилеп 29
-Тетово 95
-Струга 10
-Велес 48
-Битола 36
-Охрид 31
-Кавадарци 22
-Гостивар 49
-Гевгелија 14
-Струмица 21
-Крива Паланка 8
-Радовиш 6
-Крушево 2
-Кочани 32
-Пробиштип 8
-Демир Хисар 6
-Македонски Брод 1
-Пехчево 1
-Берово 9
-Валандово 3
-Виница 12
-Делчево 12
-Кратово 6
-Свети Николе 8
-Кичево 20
-Ресен 8
-Неготино 14

Починати се 26 лица, четворица пациенти од Скопје (69, 88, 83 и 60г), еден од Куманово (58г), еден од Штип (83г), четворица пациенти од Прилеп (66, 76,77 и 57г ) и четворица од Тетово (50, 67, 78 и 63г), еден пациент од Струга (82г), двајца од Велес (79 и 73г), двајца од Битола (72 и 84г), тројца пациенти од Охрид (57, 71 и 57г), еден од Гевгелија (87г), еден од Струмица (67г), еден од Кочани (70г) и еден пациент од Делчево (49г). Од нив, тројца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти од:
-Скопје 9
-Куманово 2
-Штип 5
-Битола 4
-Кавадарци 1
-Виница 1
-Ресен 2

Досега во земјата се направени вкупно 271.599 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 39760, бројката на оздравени пациенти е 23035, на починати е 1136, а бројот на активни случаи изнесува 15589.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/15305/nigerieczot-dhimi-polikarp-e-kandidat-za-gradonachalnik-na-shtip/