Нови мерки предлага комисијата за заразни болести

Maski zastitni
Maski zastitni

Да се укине мерката за задолжително носење маски во затворен простор, препорача Комисијата за заразни болести. Оваа препорака не важи само за здравствените установи, аптеките, домовите за стари лица и јавниот превоз и такси возилата, каде заштитните маски ќе останат задолжителни. На сите останати затворени места и објекти граѓаните нема да мора да носат маски, освен ако тоа не е нивна желба.

Zito akcija 640x289px

Моменталната епидемиолошка состојба ни овозможува да препорачаме олабавување на мерките. Препорачуваме да се укине задолжително носење маски во затворен простор. Иако обврската се укинува, сепак алелираме постарите и хронично болните да носат маски кога одат во затворени објекти“, рече д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Agria

Исто така, на денешната седница на Комисијата е донесена препорака повеќе да не се следат контактите кои ги имале позитивните лица ниту за нив да се одредува изолација.

За да стапат на сила, препораките на Комисијата за заразни болести треба да ги одобри Владата на седница.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: