Сончевата светлина брзо го уништува коронавирусот, покажале новите научни истражувања. Сепак, експертите предупредуваат дека пандемијата ќе продолжи и во текот на летото, пренесуваат медиумите во САД.
Прелиминарните резултати од лабораториските експерименти спроведени во САД, покажале дека коронавирусот не може да опстои долго на висока температура и голема влажност и брзо се уништува на сончева светлина. Резултатите од контролираните тестови влеваат оптимизам кај научниците, но тие треба да се потврдат за да бидат релевантни, пренесува „Јаху њуз“.
Но, она што со сигурност може да се каже, е дека летото нуди послаби можности за ширење на пандемијата, иако експертите предупредуваат дека во никој случај нема да ги елиминира или дури и да ги намали новите случаи на Ковид -19. Но, новите научни резултати во многу ќе помогнат во борбата со коронавирусот.
На брифингот во Белата куќа, било соопштено дека студијата открива дека ризикот од „пренесување од површини на отворено е помал за време на дневната светлина“ и на повисоки температури и влажни услови.
„Сончевата светлина го уништува вирусот брзо“, било истакнато на брифингот.
Извор: ohridnews.com