Во последните 24 часа Министерството за здравство регистрира 138 нови случаи на коронавирус, од нив пет се во Велес.
Најмногу заразени има во Скопје – 47, а со двоцифрена бројка на позитивни случаи се и Дебар и Гостивар со по 10, Штип со 16 и Куманово 17. Шест случаи има во Македонски Брод, пет во Битола и Кочани, Кичево три, два има во Тетово, Прилеп, Охрид и Виница, а по еден позитивен случај има во Кавадарци, Крива Паланка, Демир Хисар, Пробиштип, Кратово и Ресен. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 144 оздравени.
Починати се седум лица, две пациентки од Скопје (64 и 67 години), пациентка од Македонски Брод (53г.), пациентка од Кичево (41г.), пациент од Битола (27г.), пациент од Дебар (78г.) и пациент од Штип (64г.). Шест пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10891, бројката на оздравени пациенти е 6698, на починати е 493, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3700.
Можеби ќе ве интересира: