Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска објави нови пониски цени на нафтените деривати, кои ќе стапат на сила од 00:01 часот на 6 мај 2025 година.
Според најновата одлука, малопродажната цена на дизелот (ЕУРОДИЗЕЛ Д-Е V) се намалува за 1,00 денар по литар, и ќе изнесува 65,00 денари/литар. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари по литар.
Новите цени од ноќеска на полноќ ќе бидат, ЕУРОСУПЕР БС-95: 73,00 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС-98: 75,00 денари/литар, Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) : 65,00 денари/литар, исто така, малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,113 ден/кг, и сега ќе изнесува 36,042 денари/килограм.