Во изминатите 24 часа се регистрирани шест нови случаи на Ковид-19 на територијата на град Велес.
Кај новодијагностицираните лица тимот на Центарот за јавно здравје Велес изврши епидемиолошка анкета на заболените и нивните контакти, истите се пријавени во Државниот санитарен и здравствен инспекторат и е побарано решение за 14 дневна изолација
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашиот град изнесува 77 лица од кои 19 излечени, 3 смртни случаи и 55 активни.
Во изминатото деноноќие се земени примероци од 25 лица од страна на Центарот за јавно здравје – Велес