Нови три случаи на заразени во Велес, 103 во Македонија

Koronavirus vakcina

Нови тројца пациенти се зарзени со вирусот ковид 19 во Велес. Во последното деноноќие Министерството за здравство регистрира и нови 103 случаи во Македонија.

Zito akcija 640x289px

Повторно најмногу има во Скопје 46. Следуваат Тетово со 17, Куманово, Штип и Ресен по шест. Струга има девет, Охрид три, Прилеп два, Св. Николе, Струмица, Гостивар,Битола и Кавадарци по еден нов случај.

Agria

Институтот за јавно здравје регистрира и 13 оздравени пациенти, а починати се 5 лица, тројца од Скопје, еден пациент од Куманово и еден пациент од Тетово.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.157, бројката на оздравени пациенти е 1.723, на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.241.

Поврзани вести:

https://batali.net/6227/pochina-paczient-od-veles-novi-162-zarazeni-vo-poslednite-24-chasa-vo-zemjava/