Новиот Министер за правда во работна посета во Основниот суд во Велес

Tupancevski Sud

Денес, Министерот за правда д-р Никола Тупанчески придружуван одЗаменикот Претседател на Советот за ИКТ во правосудните органи д-р Гордана Лажетиќ, оствари работна посета на Основниот суд Велес во рамки на која имаше можност да ги запознае условите во кои работи судот, како и да ги пренесе активностите што ќе следат во рамки на реформите на правосудниот систем, посебно на започнатиот процес за дигитализација во судството.

Zito akcija 640x289px

На средбата присуствуваа претседателот на судот Лидија Димова, заменикот претседател и претседател на Кривичниот оддел судија Габриела Гајдова и претседателот на Граѓанскиот оддел судија Александар Шопов со кои беа разменети мислења за текот на реформите во правосудниот систем во Република Северна Македонија, потребите на Основниот суд Велес во однос на процесот на дигитализација, предизвиците кои претстојат, имплементацијата на овој процес и подготвеноста на судиите и судската служба во нивно брзо имплементирање, како би се постигнале европските стандарди во областа на владеење на правото.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Работната посета заврши со запознавање на Министерот за правда и заменикот претседател на Советот за ИКТ во правосудните органи со човечките ресурси во судот, просторните и технички можности, особено на судниците во кои се очекува оваа година да се отпочне со нивно техничко и ентериерно уредување.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: