Ново намалување на горивата

Benzinska pumpa Veles

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,75 % во однос на одлуката од 11.9.2024 година.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 67 денари, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 66 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 73,50 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 75,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,989 ден/кг и сега ќе изнесува 41,328 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира: