Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,54% во однос на одлуката од 11.9.2023 година.
Содржината продолжува под рекламата
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Содржината продолжува под рекламата
Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,00 (денари/литар), Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,50 (денари/литар), Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар), Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС 47,304 (денари/килограм).
Можеби ќе ве интересира: