Обид за убиство на паркинг, убиецот му влегол во автомобилот и почнал да го боде со нож

Napad so noz
napad so noz

Обвинителството гони 24-годишник поради сомнеж за обид за убиство што се случило пред два дена, на 13 септември.

Zito akcija 640x289px

Според информациите од Обвинителството, осомничениот се договорил со жртвата да се најдат на паркинг простор кај Споменикот на слободата во Кочани за да се договорат околу продажба на мобилен телефон.

Agria

Кога се сретнале, велат од Обвинителството, 24-годишникот влегол во возилото на жртвата, седнал на совозачкото место и почнал да разговара со него и да го разгледува мобилниот телефон.

„По кратко време, од џебот извадил нож и му задал удар во витален дел од телото во пределот на главата и вратот под брадата, нанесувајќи му отворена рана од околу 2-3 см. Ножот се скршил, а осомничениот продолжил со дршката уште неколку пати да го удира оштетениот. Нападнатиот му ја фатил раката и го спречил, по што осомничениот се извлекол од возилото и со трчање побегнал од местото на настанот“, вели Обвинителството за случајот.

Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и да ја попречува кривичната постапка, но и реална закана да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот ја прифати основаноста на предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: