Објавен јавен повик за пријавување на хотели за прием на гости со ваучери за туризам за работници со ниски приходи

plaza dupeni beach

Министерството за економија го објави јавниот повик за пријавување на интерес од страна на угостителските објекти за сместување за прием на гости кои ќе добијат потврда за одмор на работници со ниски приходи во вредност од 12.000 денари.

Zito akcija 640x289px

Јавниот повик е објавен на веб страната на Министерството за економија: https://www.economy.gov.mk/doc/2970 .в

Agria

Право на учество на јавниот повик имаат сите категоризирани угостителски објекти за сместување (хотели) кои се лиценцирани и се во туристичките центри во земјава и туристичките агенции со А лиценца. Крајниот рок за аплицирање е 31 мај годинава, а вкупниот буџет за реализација на проектот е 15 милиони денари.

„Основна цел на оваа мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор во туристичките центри во Република Северна Македонија, и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа“, велат од Министерството за економија.

За пријавување на интерес, додаваат, угостителските објекти за сместување (хотели) и туристички агенции со лиценца А до Министерството за економија треба да достават пополнет образец за барање за пријавување на интерес (готов формулар).

„По пријавување на угостителските објекти и туристичките агенции, Министерството за економија ќе објави и јавен повик за сите лица кои сакаат да добијат ваучер за туризам во вредност од 12.000 денари. Ваучер за користење на одмор ќе добијат сите лица со ниски приходи кои што ќе аплицираат на јавниот повик, чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износ од 30.000 денари, велат од Министерството.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20960/se-namaluva-brojot-na-licza-koi-se-na-kislorodna-poddrshka-vo-veleshkata-bolnicza/