Објавена листата каде што ќе може да се искористат ваучерите за одмор, 1 250 граѓани ќе добијат ваучер од Министерството за економија

ohrid

Од вкупно 4 086 граѓани што се пријавиле на повикот на Министерството за економија, 1 250 ќе добијат потврда/ваучер за летување во некоја од туристичките дестинации во земјава.

Zito akcija 640x289px

Од ресорното министерство велат дека вработени во Секторот за туризам телефонски ќе ги контактираат апликантите чии барања се одобрени. По завршување на евалуацијата, списокот со добитниците ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството.

Agria

Ваучерите се наменети за лица со ниски приходи, чии месечни примања во семејството не надминуваат нето-износ од 30 000 денари.

Ваучерите ќе може да се користат во угостителски објекти лоцирани во туристичките центри во Македонија, за што Министерството за економија веќе објави листа. На списокот се вкупно 76 угостителски објекти, хотели и туристички агенции ширум државата.

Списокот каде што може да летуваат оние со ваучер, можете да го погледнете тука.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22147/negativni-se-kovid-testovite-kaj-dechinata-od-gevgelija/