Објавен е новиот извештај за најмоќните пасоши за 2023 година (The Henley Passport Index). За прв пат по пет години Јапонија не е на прво место. Македонскиот пасош се наоѓа на 43-тото место, односно нашите граѓани со него можат да влезат во 125 земји без визи. Во однос на последната листа, која беше објавена во јануари лани, се подобривме за едно место.
Содржината продолжува под рекламата
Според новите податоци, на врвот на листата е Сингапур. Нејзините граѓани можат да посетат 192 од 227 земји без виза. Второто место го делат Германија, Италија и Шпанија. Зад нив се Австрија, Финска, Франција, Јапонија, Луксембург, Јужна Кореја и Шведска. На четврто место се Данска, Ирска, Холандија и Обединетото Кралство.
Содржината продолжува под рекламата
Од земјите во регионот, словенчкиот пасош е на деветтото место, хрватскиот на 14, Србија на 34, Црна Гора на 44, Албанија на 48, а Косово на 94 место. На дното на листата се земјите чиј пасош овозможува безвизен влез во помалку од 40 земји во светот, и тоа: Северна Кореја (39), Непал (38), Палестина (38), Сомалија (35), Јемен ( 35), Пакистан (33), Сирија (30), Ирак (29) и Авганистан (27).
Комплетната листа можете да ја погледнете ТУКА.
Можеби ќе ве интересира: