30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег

Veles 17 fevruari 2025

Променливо облачно со повремени врнежи – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Врнежите на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег, а во пониските од дожд кои повремено ќе преминуваат во снег. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, уште од претпладне, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Слаб снег во планинските региони ќе има и во текот на ноќта.

Zito akcija 640x289px

Утринската температура ќе биде од минус 1 до 5 Целзиусови степени, а во текот на денот од 1 до 9 степени.

Agria

Времето во Велес ќе биде променливо облачно со услови за слаб повремен дожд, а на повисоките делови со услови за слаб снег. Во текот на денот ќе дува и слаб северен ветер. Темпартурата ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: