Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од УХМР.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 5 до 12 степени, а максималните од 7 до 15 Целзиусови степени.
Во Велес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде 12 степени, а максималната 14 Целзисуови степени.