Уште една екипа го откажа натпреварувањето во Третата фудбалска лига – Југ. На стартот од сезоната екипата на Марена се откажа од натпреварувањето, а сега тоа го направи и екипата на Обршани.
Натпреварот кој денес требаше да се одигра на стадионот во велешката населба Превалец, помеѓу екипите на Превалец и Обршани е откажан. За фудбалерите на Превалец ова е втора последователна недела како нема да одиграат првенствен натпревар, но тие ја брусат формата со контролни натпревари.
Екипата на Превалец по 8 одиграни кола, се наоѓа на четвртата позиција со 11 бода. Во следното коло гостува во Прилеп, кај екипата на Влазними Јуниор.