По официјалната покана за набљудување на предвремените парламентарни избори во Северна Македонија на 5 јули 2020, и согласно својот мандат, Канцеларијата за демократски институции и човекови права ОДИХР се подготвува да распореди Специјална мисија за оценка на изборите, соопшти Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
За таа цел ОДИХР објави конкурс со кој бара тим на експерти од различни области кои треба да ги следат парламентарни избори во земјата на 5 јули. Меѓународните набљудувачи се очекуваат во земјата по 19 јуни.
Во огласот пишува дека, кандидатите треба да бидат на располагање од 19 јуни 2020 и да бидат подготвени брзо да заминат. Мисијата на ОБСЕ ќе трае околу три недели, велат од ОБСЕ. Крајниот рок за пријавување е 16 јуни.