Обвинение за скопјанецот кој на велешка патарина беше фатен со пиштол

pistol vo kola

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинение против 27-годишен скопјанец кого полицијата, пред три месеци, на автопатот Велес – Скопје, на патарината кај Отовица го уапси, бидејќи му пронајде пиштол во возилото, за кој немал дозвола.

Zito akcija 640x289px

„Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе Обвинителен акт против лице од Скопје на возраст од 27 години за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик“, соопштија од Основното јавно обвинителство Велес.

Agria

Настанот се случи на 19 мај, кога при контрола, полицијата во возило марка „Фолксваген Голф 5“ најде пиштол марка „Берета“ со калибар од 7,65 мм, кој бил сместен под воланот, во механизмот за подесување на неговата висина.

„Истовремено, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице, бидејќи постои опасност од бегство и околности кои укажуваат на опасноста дека повторно ќе го изврши истото кривично дело“, соопштија од Основното јавно обвинителство во Велес.

Обвинетиот скопјанец во моментов е на издржување мерка притвор.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: