Обвинетиот за убиството на Мартин Нешковски кој беше фатен во Бугарија е екстрадиран во затворот во Идризово

igor spasov

Обвинетиот за убиството на Мартин Нешковски, Игор Спасов попладневно пристигна во затворот во Идризово, откако бугарските органи позитивно одговорија на барањето за екстрадиција.

Zito akcija 640x289px

Тој со силно полициско обезбедување ја минал бугарската граница и директно е однесен во затворот во Идризово.

Agria

Случајот „Нешковски” се случи во 2011 година на градскиот плоштад во Скопје, кога политичка партија ја славеше победата на предвремените парламентарни избори. Тоа време осудениот Спасов, како дел на обезбедувањето, младиот Мартин Нешковски го претепа до смрт.

Убиецот на Мартин Нешковски, Игор Спасов, беше фатен од бугарската полиција откако жената со која живеел во Софија во населбата Младост го пријавила за насилство.

По пријавата, полицијата открила дека тој е баран од Интерпол за убиство во Македонија. Засега не е познато дали жената што го пријавила Спасов знаела за убиството. Спасов влегол во Бугарија откога некое време живеел во Турција, а се утврдува кога и како влегол во земјата

Осуденикот Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на плоштадот во Скопје на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година.

МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот по завршување на лекувањето. Тој се бара за доиздржување казна затвор од седум години и три месеци.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19006/vo-kavadarczi-svekrva-i-zolva-ja-pretepale-snaata/