Обвинителството отвора истрага за случајот со полицаецот кој позитивен на коронавирус беше на погреб на свој колега

Велешкото јавно обвинителство ќе го истражува случајот со полицаецот од СВР Велес, кој го прекршил решението за изолација и со позитивен тест на коронавирус пред два дена присуствуваше на погребот на свој колега.

Zito akcija 640x289px

Од обвинителството за Батали.нет велат дека веќе се преземаат дејства, за да се утврдат фактите.

Agria

„Основното јавно обвинителство Велес оформи предмет по допрен глас врз основа на написите од медиумите кои се однесуваат на прекршување на Решение за изолација од страна на полициски службеник заради присуство на погреб. Веќе се преземаат соодветни дејствија за утврдување на фактите“, велат од Основното јавно обвинителство Велес.

Батали.нет дознава дека и внатрешната контрола во МВР испитува дали има основ за дисциплинска постапка против нивниот колега, но и против други полицајци од СВР Велес, кои во коментари на социјалните мрежи, наместо да го осудат, го поддржуваат прекршувањето на законот кое го сторил нивниот колега.

Канонада од напади, навреди, пцовки, закани и омаловажувања доби редакцијата на порталот Батали.нет, откако вчера ја објави веста дека на погреб на полицаец од Велес не се почитувале протоколите за заштита од коронавирусот. Дел од нив се напишани од полицајци.

Непримерно е оние што секојдневно предупредуваат и казнуваат граѓани за неносење маска или прекршување на решение за изолација, да се ставаат на страната на сторителите на таквите прекршоци. Наместо со нивните коментари да бидат чувари на јавното добро, пример за почитување на протоколите пропишани за заштита на населението од ширење на вирусот, тие ја поттикнуваат јавноста на говор на омраза, на јавен линч кон новинарите и редакциите, кои се огледало на реалноста, а не нејзин креатор.

Со потврден позитивен тест, колега на починат полицаец од Велес, присуствувал на неговиот погреб, кој се одржа завчера на градските гробишта во Раштани, кај Велес. Тој имал решение за изолација поради неговиот позитивен тест, но и тоа не го спречило да дојде на погребот. На закопот присуствувале стотина луѓе, што е спротивно на протоколите за заштита од вирусот, кои предвидуваат на погреб да присуствуваат најмногу до 10 луѓе. Меѓу нив имало и вработени во СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/14822/pczovki-navredi-i-zakani-kon-redakczijata-na-batali-net-po-objavata-deka-e-prekrshen-protokol-za-pogreb/