Од денес, официјално започнува пописот на домаќинствата и становите во Македонија. По пауза од 19 години повторно се спроведува оваа статистичка операција. Попис последен пат во земјава имаше во 2002, а обидот за попишување во 2011 беше неуспешен.
Овој попис ќе се спроведува според комбиниран модел, односно освен прибирање на податоци директно од населението на терен, ќе се користат и податоци од таканаречената Претпописна база, каде со внесувањето на матичниот број на граѓанинот во пописната апликација, автоматски се повлекуваат сите податоци што за тоа лице постојат во базите во државата.
Содржината продолжива под рекламата
Пописот ќе трае до 30 септември, а добиените податоци најверојатно ќе бидат објавени најдоцна до јануари 2022 година.
Можеби ќе ве интересира: