Од денеска започна исплатата на пензиите

pari, denari

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27 јули (среда) почнува етапната исплата на јулските пензии, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

Zito akcija 640x289px

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

Agria

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.07.2022 година (среда);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.07.2022 година (четврток);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.07.2022 година (петок), и

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.08.2022 година (понеделник).

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/31505/sobranieto-gi-ratifikuvashe-protokolite-za-priem-na-shvedska-i-finska-vo-nato/