Фудбалската федерација на Македонија од денеска, 29. мај започнува со продажба на билети за пријателскиот натпревар на македонската репрезентација против Словенија кој ќе се одигра на 1. јуни на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Фудбалската федерација на Македонија билетите од западната трибина ќе ги распредели за верните навивачи на Македонија од навивачките групи кои покажаа интерес за присуство на натпреварот.
Влезниците за напреварот со Слововенија чинат 300 денари за јужната трибина и 200 денари за источната трибина од Националната арена „Тодор Проески“, а капацитетот на стадионот е ограничен на 30 %.
Строгите здравствени ограничувања и протоколите на УЕФА за заштита од Ковид-19 се причините поради кои на Северната трибина ќе биде дозволено присуство само на лица од двете репрезентации, лица од ВИП секторот и службата за организација на натпреварот. Поради тоа и преку МК-тикетс системот ќе биде дозволена продажба на максимум четири билети по лице.
Можеби ќе ве интересира: