
Почетокот на учебната година, ќе зависи од повеќе фактори, а најмногу ќе зависи од емидемилошката ситуација, генерално во земјава.
“Сега е многу рано да се каже дали ќе има одложување на почетокот на новата учебна година. Во секој случај тоа што е најбитно е дека интензивно се врши вакцинација на наставниците и оти се спремни сите сценарија за почеток на школската година,” изјави денес министерот за здравство Венко Филипче.
На крајот на минатиот месец министерката за образование и наука Мила Царовска рече дека МОН има подготвено три сценарија. Во меѓувреме објавени се и протоколите за одвивање на наставата во училиштата.
Минатата учебна година започна со еден месец одложување, односно на 1 октомври, бидејќи беа потребни законски измени за вметнување на онлајн наставата во законот и за тестирање на националната платформа за учење на далечина.
Можеби ќе ве интересира:
