Со согласност од родителите, учениците во основните и средните учениците ќе бидат тестирани за присуство на вирусот Ковид 19. Во методологијата се опфатени околу 8200 деца, пропорционално дистрибуирани по општини според број на ученици.
Планирано е скрининот да трае пет дена и дневно да се тестираат по околу 800 деца, во самите училишта кадешто мобилни екипи ќе одат на терен и ќе го вршат тестирањето за време на часовите, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Содржината продолжува под рекламата
Децата од посебните училишта и училиштата каде просечниот број на ученици во одделение е помал од 10 деца, како што наведуваат од Министерството за здравство, ќе бидат исклучени од овој процес од причина што станува збор за помали рурални места каде учат многу мал процент од сите ученици и во места каде инциденцата на вирусот е многу ниска.
Mожеби ќе ве интересира: