Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13%, со што малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 3,00 денари/литар. Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Од вечер на полноќ моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 102,5 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 104,5 денари/литар, цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува 100 денари/литар, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 98 денари/литар, а на мазутот М-1 НС 50,903 денари/килограм.
Можеби ќе ве интересира: