Од ноќеска на полноќ цената на бензините се зголемува за денар и пол до два денара за литар, а дизелот поевтинува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според одлуката на РКЕ, малопродажната цена на еуросупер 95 се зголемува за 1,5 денари за литар и ќе изнесува 94 денари, додека еуросупер 98 поскапува за два денара за литар и ќе се продава за 96,5 денари.
Содржината продолжува под рекламата
Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) се намалува за половина денар и ќе изнесува 98,5 денари за литар. Малопродажната цена, пак, на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) денеска не се менува и останува 93 денари за литар.
Можеби ќе ве интересира: