Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 % во однос на одлуката од 16.11.2022 година.
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалува за два денара, а цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Содржината продолжува под рекламата
Новите цени од полноќ ќе бидат: Моторен бензинЕУРОСУПЕР БС – 95 91,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,00 (денари/литар), Дизел горивоЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 93,00 (денари/литар), Масло за горењеЕкстра лесно 1 (ЕЛ-1) 88,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС 45,962 (денари/килограм).
Можеби ќе ве интересира: