Од полноќ поскапува дизелот, поевтинува бензинот

benziska stanica Makpetrov
benziska stanica Makpetrov

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25% во однос на одлуката од 12.10.2023 година.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,262 ден/кг и сега ќе изнесува 45,349 ден/кг.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Новите цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 82,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 45,349 (денари/килограм).

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: