Од понеделник почнува вакцинацијата со трета доза, најави Филипче

vakcinacija

Имајќи ги предвид трендовите во делот на бројките и искуствата од другите земји, вчера Министерот за здравство заедно со членовите на Комитетот за имунизација, донеле нови препораки во однос на вакцинирањето.

Zito akcija 640x289px

“Се препорачува трета доза на вакцина кај сите граѓани над 60 годишна возраст, кај сите здравствени работници без разлика на возраста и кај сите пациенти кои имаат имунокомпромитирана состојба исто без разлика на возраста. Третата доза на вакцина треба да биде од производителот Фајзер”, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Се очекува овие денови Данска да ја објави и официјално донацијата од 250 илјади вакцини од производителот Џонсон, вакцина која има рок до 2023 година. Инаку според последните податоци во однос на вакцинирањето надмината е бројката од 700 илјади граѓани кои се ревакцинирани.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23902/dejan-jakimovski-po-vtor-pat-ednopodrugo-ke-bide-glaven-sudija-na-naprevar-na-borecz/