Од понеделник во аптеките новите лекови од позитивната листа

Apteka lekovi

Од 16 септември, во аптеките ќе бидат достапни деветте нови лекови кои се додадени на позитивната листа,  најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Меѓу нив, опфатени се лекови за висок притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија, како и за деменција.

Zito akcija 640x289px

Проширувањето беше најавено уште во август, кога Таравари кажа дека на листата се додадени 9 нови генерички лекови, а тоа се 87 лекови во различни имиња и форми. Лековите што се најдоа на позитивната листа се со генеричко име Prasugrel и Ticagrelor (за крвни болести и против згрутчување на крвта), Nebivolol, Perindopril, Valsartan и Fenofibrate за висок крвен притисок и Escitalopram, Mementine и Duloxetine за третман на депресија и деменција. Која било доза од деветте генерички лекови од кој било производител, за пациентите ќе ја покрива Фондот за здравство.

Agria

Таравари, на денешната прес-конференција во Владата по настанот „Предизвици и можности во процесот на проширување на листата на лекови кои се на товар на Фондот за здравствено осигурување“, рече дека со Светската здравствена организација (СЗО) подготвуваат платформа која ќе обезбеди транспарентност на целиот процес за идното проширување на позитивната листа, и ќе бидат земени во предвид препораките од СЗО и од експертите во државата.

„Во однос на лековите, ќе бидат додадено тоа што најмногу им треба на граѓаните,  со што би ги намалиле трошоците на нашите пациенти. Мислам дека Комисијата релативно добро работеше, ќе седнеме да разговараме со нив и да ги избереме лековите кои се најпотребни. Не сакам да ветувам уште колку лекови, но се надевам дека на 3, 4 месеци ќе имаме надополнување од 1, 2, 3 лека. Се надевам дека следното проширување ќе биде после Нова година“, кажа Таравари

Можеби ќе ве интересира: