Од следната недела ќе имаме дигитална ковид пропусница

Venko-Filipce

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конефренција реќе дека од почетокот следната недела ќе биде спремен македонскиот „грин пас“, односно дигитална ковид-прописница.

Zito akcija 640x289px

Филипче рече дека станува збор за пас кој електронски преку QR (Кјуар) код и апликација која ќе може да се симне на секој мобилен телефон ќе содржи простор за три податоци – податок за вакцина, односно ревакцина и типот на вакцината, ПЦР тестирањето кое секогаш ќе може да се надгради со секое следно ПЦР тестирање, и податок за соодветна количина на детектирани антитела како доказ за прележана болест, рече Филипче денеска по примопредавањето на германската донација од 72.000 брзи антигенски ковид тестови.

Agria

Тој вели дека се уште не се знае политиката на земјите-членки на ЕУ за патувањата во услови на ковид-криза. Граѓаните ќе можат преку матичните лекари кјуар кодот да го данлодираат во својата апликација.

За македонските граѓани кои се вакцинирале во некоја од соседните земји рече дека ќе треба да извадат потврда за вакцинираност таму, бидејќи, како што кажа, во документот мора да се внесе серијата на вакцината со која се вакцинирани.

Министерството за здравство денеска прими германска донација од 72.000 брзи антигенски ковид тестови во вредност од 298 илјади евра, наменети за јавните здравствени установи и ковид центри во земјава. Донацијата ја предаде германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн.

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20929/foto-eve-kako-izgleda-punktot-za-vakczinaczija-vo-veles/