Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата од 1 јануари ќе се зголеми за 0,92 проценти, соопштија од Регулаторна комисја.
Од 1 јануари во просек сметките за струја за домаќинствата во Македонија со просечна потрошувачка од прв, втор и трет блок ќе се зголемат за 0.92 проценти. Во првиот блок струјата ќе поскапи за 0,68%, за корисниците од вториот блок за 0, 90%, за третиот блок 1,93% и за најголемите потрошувачи на струја од чествртиот блок за 2,24 проценти.
Тоа значи дека на едно просечно домаќинство во земјата коешто има сметка од 2.300 денари, трошокот за електрична енергија ќе му се зголеми за 21 денар. Бислимоски рече дека, согласно барањето што „ЕВН хоум“ го доставила до нив за контрола и разгледување на 5 декември годинава, цената требало да се зголеми за 4,4 отсто.