Вчера околу 20.00 часот во селото Дорфулија во Свети Николе, овчар загинал од удар на гром.
Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера околу 20 часот. Во полиција било пријавено дека на место викано „Дорфулиски ливади“, Т.Ш.(46) од село Дорфулија, додека напасувал стадо овци, го удрило гром и починал на местото.
Од страна на полициската станица Свети Николе, на местото на настанаот бил извршен увид од екипа на полицијата.
Можеби ќе ве интересира: